Апартмани Милениум
Албанија ,
Шенѓин
Опис на објект
Шенѓин (Свети Јован) е монденско туристичко место на северниот дел од Албанија на Јадранско море со прекрасни плажи со големо шеталиште.
Апартмани Милениум е нов објект изграден во 2021 година и се наоѓа на 80 метри од плажа.
Располага со:
- 4-креветни апартмани (една соба со брачен кревет и во кујната тросед на пуштање, но со можност за дополинително легло)
- 5-креветни апартмани (една соба со брачен и единечен кревет и во кујната тросед на пуштање, но со можност за дополинително легло)
Сите се опремени со кујна, купатило, телевизор, Wi-Fi интернет, тераса, клима (вклучена во цената).
Сите апартмани се на првиот кат, а објектот има и лифт.
Обезбеден е паркинг за гостите со сопствен превоз.
Содржини на објект
Паркинг
Wi-Fi интернет
Клима уред
Лифт
Опис на Аранжман
Цената се однесува за наем на соба/апартман за 7 ноќевања.
Цените се изразени во евра во денарска противвредност: 1€ = 62 денари.
Превоз:
- За возрасно лице - 45€
- За деца 2-10 години - 35€
Тргнување за Шенѓин:
- Скопје (хотел Вип - паркинг) - 21 часот
- Тетово (автобуска станица) - 22 часот
- Гостивар (Бунар Петрол) - 22:30 часот
- Кичево (автобуска станица) - 23:30 часот
- Струга (Нептун) - 00:30 часот
*Тргнувањето за Шенѓин е еден ден предходно од термините (петок навечер).
Напомена:
- Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот, а се напуштаат последниот ден до 09:00 часот.
- Хигиената во апартманот за време на престојот ја одржуваат самите гости.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета штета за време на престојот корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на климата сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот додека сте надвор од собата.
- Јачината на сигналот на интернет зависи исклучиво од давателот на услугата.
- Строго се забранува сместување на повеќе лица во студио од предвиденото (во согласност со број на кревети).
Достапни простории
Нема достапни простории за вашето пребарување.
Ве молиме повторно пребарајте со промена на временскиот период.