Вила Билеро
Албанија ,
Ксамил
Опис на објект
Вила Билеро се наоѓа на само 100 метри од плажата „Bela Vista“.
Располага со 3-креветни и 4-креветни студија, и 6-креветни апартмани со сопствена кујна (опремена со садови за готвење), телевизор, клима уред (вклучена во цената), сопствен тоалет и балкон.
Содржини на објект

Паркинг

Wi-Fi интернет

Клима уред
Опис на Аранжман
Цената се однесува за наем на соба/апартман за 7 ноќевања.
Цените се изразени во евра во денарска противвредност: 1€ = 62 денари.
Цени за превоз:
- За возрасно лице - 50€
- За деца 2-10 години - 40€
- За трансфер од Штип, Велес, Куманово, Градско - се доплаќа 10€ по лице.
Време на тргнување:
- Неготино (бензинска пумпа Макпетрол) - 21:00 часот
- Велес (бензинска пумпа Макпетрол) - 22:00 часот
- Куманово (бензинска пумпа Макпетрол) - 22:00 часот
- Штип (нова пошта) - 21:30 часот
- Скопје (хотел Вип - паркинг) - 23:00 часот
- Тетово (Веро) - 00:00 часот
- Гостивар (бензинска пумпа Бунар Петрол - автопат) - 00:30 часот
- Кичево (бензиска пумпа Power petrol) - 01:30 часот
- Струга (бензиска пумпа Бесјани - Подмоље) - 2:30 часот
Поаѓање:
- Поаѓање од Ксамил во 12:00 часот
- Поаѓање од Саранда во 12:30 часот
- Поаѓањето е еден ден пред наведените датуми.
Селекција на седишта во автобус:
- Патниците се сместуваат според временска линија на уплата!
- Доколку имате барања за седиште, истото се доплаќа 15€ за во двата правци.
Напомена:
- Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот, а се напуштаат последниот ден до 09:00 часот.
- Хигиената во апартманот за време на престојот ја одржуваат самите гости.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета штета за време на престојот корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на климата сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот додека сте надвор од собата.
- Јачината на сигналот на интернет зависи исклучиво од давателот на услугата.
- Строго се забранува сместување на повеќе лица во студио од предвиденото (во согласност со број на кревети).
Достапни простории
Нема достапни простории за вашето пребарување.
Ве молиме повторно пребарајте со промена на временскиот период.