Нова година во блескавата Виена

Објавена: 21.12.2012

Новогодишната и божиќната магија во Виена се чувствуваат веќе на крајот од месец Ноември. Градот секогаш изгледа фантастично, а снегот е секогаш присутен за да ја комплетира празничната слика. Топло кафе и греено вино на секој ќош, а од неизбежната вкусна храна и австриски специјалитети и десерти, со сигурност ќе се вратите со некое килце плус.

 

 

Како дополнителна активност е новогодишниот шопинг. Големите попусти и атрактивни продавници, ќе ви го пополнат денот до максимум. Задолжително купете одлични домашни чоколади и дрвени декорации, како поклон за вашите пријатели и роднини.


 

Нешто кое морате да посетите е плоштадот Марија Тереза, на кој секогаш има три Божиќни села за време на празниците. Во нив секогаш има одлична програма, вкусна храна, пијалаци и многу други активности, во кои ќе уживаат како малите, така и возрасните.

 

 

Новогодишните и Божиќните празници се дефинитивно најубавиот период од годината за посета на овој фантастичен град, па токму затоа резервирајте навреме и уживајте во магијата на овој град.