Туристичка агенција
Савана

Туристичка лиценца  - 

А

Основана во

1990

За агенцијата

САВАНА доо, е основана во 1990 година како приватно претпријатие и една од првите приватни туристички агенции во Република Македонија. Од оваа, веќе респектабилна временска дистанца, САВАНА како една од водечките туристички агенции во дражавата, денес може да истакне дека, работејќи уште од самиот почеток под мотото...

САВАНА доо, е основана во 1990 година како приватно претпријатие и една од првите приватни туристички агенции во Република Македонија. Од оваа, веќе респектабилна временска дистанца, САВАНА како една од водечките туристички агенции во дражавата, денес може да истакне дека, работејќи уште од самиот почеток под мотото „комплетен туристички сервис", низ изминатиот период успеа организациски да ги понуди сите потребни услуги, за бројните клиенти на домашниот и поширокиот туристички пазар. Ориентирајќи се кон целта - да обезбеди што поширок спектар на туристички услуги, воедно наменет за уште поголемиот број на потенцијални корисници, САВАНА постојано инвестираше во квалитетен персонал и адекватни технологии, толку потребни за функционирање на истите. Како резултат на таквата деловна политика, континуирано и денес, нејзините услуги ги користат огромен број на задоволни клиенти во земјата и во светот. Во 1990 година, САВАНА започна да работи со двајца вработени ентузијасти, а денес, моментално во неа веќе работат 18 редовно вработени, високо стручни туристички работници. Во досегашниот период на своето постоење, со исклучиво пазарна ориентираност во работата, САВАНА успеа да оствари просечна годишна продажба од преку 6.000 авионски билети, како и продажба и реализација на повеќе од 30.000 аранжмански пакети во летувања, зимувања, или групни и индивидуални патувања.

повеќе

помалку

Работно време

од 09:00 до 19:00


Веб-сајт
Контакт
Телефон:
(02) 3 115 826
Факс:
(02) 3 114 206
Имејл:
info@savana.com.mk
Адреса

ул. Орце Николов 20, 1000 Скопје, Р. Македонија